Поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ е нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија.
Антиќ на денешното Изборно собрание во Скопје едногласно беше избран како единствен кандидат.
Со одличен тим, добра стратегија и добра програма се надевам дека постепено ќе ја вратиме кошарката каде што заслужува. Во управниот одбор ќе вклучиме луѓе од бизнис секторот, професионалци, од спортскиот дел и сите заедно да работиме за доброто на кошарката. Наш приоритет ќе бидат младите, враќање на навивачите во салите, заживување на кошарката, враќање на оптимизмот, издигнување на А-селекцијата на повисоко ниво, каде што сме биле по можност и чекор понапред, изјави Антиќ.
Тој ќе биде деветтиот претседател на МКФ, а претседателското место го презема од неговиот претходник, Петар Наумоски, кој функцијата претседател ја извршуваше од 2015 година.