Руските безбедносни служби извршија рација во луксузната палата на шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин во Санкт Петербург.

л8

При претресот во раскошната резиденција што шефот на Вагнер беше принуден да ја напушти по неуспешниот пуч,се пронајдени пиштоли, муниција, златни шипки, многу девизи, полнета алигатор и плакар полн со перики.

Вчера рускиот весник „Известија“ објави слики и видео од рацијата, во која се пронајдени и очигледно лажни пасоши и врамена фотографија на која наводно се прикажани отсечените глави на непријателите на Пригожин.

Во раскошниот дом, според сликите се гледаат и големо пијано во подножјето на спирално мермерно скалило, како и спа, сауна и приватен затворен базен.

Во просторија која наликува на маса за билјард беше изложена и преголем чекан со ознака „за употреба во важни преговори“.

Во резиденцијата се откриени огромни суми пари во различни валути, соопшти ФСБ, како и воена униформа со дваесетина медали.