„ Горд сум на овие мои две ќерки Македонки. Љубов, љубов и само љубов“, напиша пејачот и композитор Никола Перевски-Пере за своите две ќерки на Фејсбук.
Постарата, Михаела има 20 години, а помалата, Каја 11. Михаела наполни 20 години токму кога „Нокаут“ го одржа славеничкиот концерт во Спортската сала „Кале“ минатиот месец. Таа студира музика на ЕСРА и ги пее придружните вокали во групата.
„ Позитивни мисли и вибрации. Македонија вечна ! И кој нема ќерка, никогаш нема да ја бакне најубавата девојка на светот“, напиша Пере понатаму.
„Нокаут“ на концертот славеа 20 години од нивниот прв концерт во кариерата, кој симболично се одржа во истата сала.