Пензионираната докторка Тиен од Кина роди девојче на 67 години и стана најстара мајка во Кина. Таа се породи во болицата во која до пензионирањето работела како лекарка. Со една година постариот сопруг, на ќеркичката и’ го дадоа името Тианци, што во превод значи – дар од небото.
Лекарката вели дека забременила по природен пат, користејќи го знаењето од медицината за на себе да ги проба традиционалните кинески медициснки препораки поврзани со плодноста. Девојчето на свет дошло со царски рез и тежело 2,5 килограми.
„Имавме среќа со оглед на тоа што мајката е во поодминати години, па имаше компликации. Во текот на царскиот рез откривме дека јајниците на Тиен се како на 40-годишна жена“, изјавила за кинеските медиуми лекарката Лиу која го надледувала породувањето на незината пензионирана колешка.
Инаку, Тиен и нејзиниот сопруг веќе имаат две возрасни деца и неколку внуци, од кои најстариот има 18 години. Нивните деца се спротивставиле на одлуката на родителите да имаат уште едно дете.
-Ќерка ми дури ми кажа дека ако имам бебе, ќе ги прекине сите релации со семејството, изјавила Тиен.