Десет години жителите на шпанскиот град Виго живеат во страв од еден пензионер кој со клуч им ги гребе автомобилите. Само мината 2018 години Хозе Антонио (79) оштетил 1.120 автомобили. Тој или ги изгребал со клуч, или им фрлил боја, или им ги оштетил бравите. Последниот месец Хозе изгребал повеќе од 120 автомобили.
Полицијата на Виго процени дека Антонио има направено штета од готово половина милион евра. Таа го испратила пензионерот на психијатар, но по три дена престој во ментална установа тој е пуштен.
“ Хозе не е болен, туку е лош и за се виновен му е цел свет“, изјавил еден полицаец од Виго.
Граѓаните на Виго по улиците поставиле плакати со неговиот лик, со предупредување.
Полицијата се правда дека не може да го запре, бидејќи кога пензионерот ќе излезе од притвор тој продолжува со оштетување на возилата.