Пенелопе Круз со класичен изглед пленеше на шпанските премиери на нејзиниот нов филм „En Los Márgenes“.
Во Мадрид, 48-годишната актерка шармираше во два стајлинзи. Првиот избор на Круз беше класичен женски костум со здолниште од Шанел, чиј бред амбасадор е долги години. Својот изглед, холивудската ѕвезда го комплетираше со едноставна бела маичка и црни сандали.
Вториот избор на Пенелопе беше црн костум со бела кошула и црна вратоврска кој потсетува на класичниот машки костум. Круз докажа дека оваа комбинација совршено им прилега и на жените.