Пенелопе Круз се соблече за насловната страница на магазинот „Даст“. Пенелопе позираше облечена само во бели гаќички, а градите ги прекрила со рацете.
Фановите на шпанската глумица коменираат како е можно во петтата деценија да изгледа толку младо како да е во дваесеттите, некои фанови ја нарекоа и безвременска убавина и природно убава жена.
Актерката фотографиите од едиторијалот ги сподели на социјалната мрежа Инстаграм.
Инаку, Пенелопе Круз важи за актерка со природна убавина која не користела естетска хирургија за да се подмлади и затоа е омилена меѓу женската популација. Таа е во хармоничен брак со актерот Хавиер Бардем уште од 2007 година и со него има две деца: ќерката Луна и синот Лео.