Пенелопе Круз неодамна се појави на црвениот тепих пред доделувањето на „Governors Awards“ во Лос Анџелес, а фановите ги изненади со промена на имиџот.
49-годишната актерка се појави во елегантен фустан со потпис на модната куќа Шанел, а вниманието го привлече со промената на фризурата. Имено, актерката својата долга темна коса ја замени со кратка фризура испреплетена со прамени во боја на мед кои допираат до нејзините раменици.
Инаку, шпанската актерка е амбасадорка на француската модна куќа Шанел, а нивниот фустан го носеше на доделувањето во чест на Мел Брукс, Анџела Басет и уредничката Керол Литлтон за нивниот придонес во филмската индустрија.
Извор: Индекс.хр