Пенелопе Круз во класичен костим на Шанел искомбиниран со едноставна маичка пристигна во Венеција на Филмскиот фестивал кој се отвара вечерва и ќе трае до 7 септември.
Во Венеција беше забележана со режисерот Педро Алмодовар , а внимание привлече и изборот на гардеробата-костим од твид на Шанел со памучна маица и кусо здолниште. Облеката ја дополни со бела чанта, бели сандали „Шанел“ на висока потпетица и елегантни црни очила за сонце.
Инаку, шпионскиот филм „Мрежа за оси“ во кој Пенелопе Круз глуми е во трката за „Златниот лав“ заедно со уште 20 филмови.