Облечена од глава до петици во бело на премиерата на својот нов филм “The Wasp Network“, преубавата шпанска глумица Пенѐлопе Круз ја оправда улогата која многумина и ја препишуваат дека е вистинска дива.
Прекрасната Шпанка одбра свилено бело одело, составено од широки панталони со длабок струк и совршено сако со впечатливи масивни копчиња со потпис на модната куќа Ralph&Russo. На нозете носела бели сандали со високи штикли, а под сакото бел корсет кој го истакнал нејзиното бујно деколте. Од накитот носела дискретни обетки и еден прстен, а косата и била пуштена.