Како почесен гостин на Бодибилдинг и Фитнес Федерацијата на Македонија, во Скопје претстојува Михал Крижанек од Словачка, светски шампион во бодибилдинг.
„Нерешено со светскиот шампион во бодибилдинг, Михал Крижанек, од Словачка“, напиша Пендаровски на „Фејсбук“ во прилог на фотографијата каде тој и Крижанек се натпреваруваат во туркање со рака.
Словакот во Скопје е почесен гостин во рамки на меѓународен натпревар во бодибилдинг.