Претседателот Стево Пендаровски вчера се дружеше со нашата претставничка на песната на Евровизија, Тамара Тодевска и нејзиниот тим.
– Денеска на гости и дружење во Кабинетот TeamTamara. Ни ги раскажаа впечатоците од евровизискиот настап, а имавме можност да и’ честитаме на Тамара Тодевска за прогласувањето за Најдобар женски изведувач на Евровизија“-стои во известувањето на профилите на социјалните мрежи на претседателот Стево Пендаровски.