Претседателот Стево Пендаровски на Форумот за млади лидери во во Нови Сад истакна дека би се иселил од својата држава доколку не би бил претседател, затоа што „никој не е луд да го троши својот живот во која со години треба да се преговара за поглавјата, а просечната плата во мојата држава е 400 евра“, јавува српската телевизија Н1.
-Шансата да се задржат младите во регионот е доколку Западен Балкан почне да ги користи своите ресурси и да продолжи со регионални автономни иницијативи и да создаде нешто како мала ЕУ. Младите имаат само еден живот, сите ние имаме само еден живот, и никој не е луд да го троши додека преговорите со ЕУ траат со години, при што просечната плата во мојата земја е 400 евра. Да не бев претседател, и јас ќе се иселев од мојата земја – рече тој, илустрирајќи ја ситуацијата во Македонија, но и во регионот.