“Во овој момент не е потребно да избрзуваме со прогласување на вонредна или кризна состојба на цела територија. Кризата ќе трае, но во моментов ситуацијата е под контрола. Јасно е дека кризата ќе трае и во светот и кај нас. Сакам да упатам апел до граѓаните да ги почитуваат стрикно сите мерки против ширењето на болеста и да упатам апел да нашите државјани да не одат надвор, а исто така до нашите државјани кои живеат во странство да не доаѓаат“, изјави претседателот на држава Стево Пендаровски на прес-конференција по состанокот на Советот за безбедност.
Советот за безбедност ќе се состанува по потреба секој ден, ако треба и неколку пати во денот.
Ќе се изврши мобилизација на здравствениот кадар од целата држава.
Пендаровски кажа и дека денеска со официјален допис ОБСЕ/ОДИХР ја откажа мониторинг-мисијата на изборите.