“Очекувавме и се надевавме на Оскар, тимот на Медена Земја ги заслужи нашите честитки!, напиша претседателот, Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил и додаде:
„Двете номинации за Оскари2020 е успех кој еден македонски филм го постигна за првпат. „Медена земја“, оценета како врвно кинематографско остварување е културен производ со висока општествена вредност што испрати освестувачки пораки за заштитата на животната средина и овозможи промоција на земјава низ целиот свет. Браво за нашите културни амбасадори Атиџе, Тамара, Љубо, Атанас, Самир, Фејми и целата екипа која неуморно работеше на филмот од неговото создавање, се до неговата промоција и глобално претставување“, напиша Пендаровски.