Спрема зборовите на една од членовите на Фејсбук групата Live from Greece, грчки брачен пар добил корона поради што исфрлен бил од хотел.
Дали поради голем страв да не ги зарази другите гости во неговиот хотел или едноставно не сакал хотелот да го бие лош глас, сопственикот на хотелот донел радикална одлука.
Веста за овој немил настан објавена е на Фејсбук група Live from Greece.
Имено сопственикот најпрво ги истерал од хотелот а потоа ги пренел со приколка на својот џип до локалниот здравствен дом.
Тоа е грубо кршење на уште една процедура која важи во Грција – заболените се префрлаат само по посебна процедура и помош со возило на брза помош, а потоа и налог на Цивилна заштита која е и надлежна за тоа, пренесува порталот “Halkidiki njuz”.
Несреќните луѓе поминале 19 часа пред здравствениот дом, без храна и вода и као што пренесуваат медиумите, една докторка да не се сожалила нарачувајќи им храна и вода, прашање е што ќе им се случело.
Тие двајца, инаку грчки државјани, се обратиле до медиумите а веста за бруталниот хотелиер ги запалила социјалните мрежи во таа земја.
Comments are closed.