Пекабеско“ донираше 7 тони храна и со тоа се приклучи на големиот број општествено одговорни компании, организации и хумани граѓани кои пружаат несебична поддршка на нашите сограѓани кои најмногу се погодени од кризата предизвикана од коронавирусот.
Имено, во текот на месеците јуни и јули, во соработка со Црвениот Крст, беа донирани пакети со храна за 650 социјално загрозени семејства. Дел од донираните производи, исто така, се користат и за потребите за бездомните лица.
Oд Црвениот Крст на Град Скопје истакнуваат дека во овој период е од исклучителна важност поддршката токму во пакети со прехранбени производи, бидејќи во време на криза, лицата во ризик се уште позагрозени и без никаков извор на егзистенција.
Со цел континуирана поддршка, во текот на месец мај 2020 година, Пекабеско ја продолжи и годишната соработка за поддршка на Пунктот за бездомници на Црвениот Крст на Градот Скопје. Со потпишаниот меморандум за разбирање, Пекабеско секој месец продолжува да донира производи за потребите на Пунктот, односно храна за 70 лица.
Пекабеско во текот на месец март оваа година изврши аконтативна уплата на целокупниот пресметан данок на добивка за 2020 година, давајќи конкретен придонес во националната борба против коронавирусот.
Дополнително, од самиот почеток на коронакризата како компанија Пекабеско ги зајакна превентивните мерки, а со цел да се избегне групирање и користењето на јавен превоз, Пекабеско на своите вработени им обезбеди и дополнителен финансиски надомест со цел користење на возило до и од работното место.
И покрај големата побарувачка, цените на производите на Пекабеско во текот на целиот овој период останаа непроменети.
Од компанијата ги повикуваат нивните соработници и други компании да ги следат општествено одговорните чекори на бизнис заедницата, нагласувајќи дека во оваа криза предизвикана од Ковид-19 е повеќе од неопходно секој да го даде својот придонес во рамки на своите можности.