Холивудската глумица Гвинет Палтроу во неделата наполни 48 години, а по тој повод се соблече целосно гола и позираше во дворот. Таа веднаш се пофали со провокативната фотографија на Инстаграм, а пријателите и следбениците не го криеја задоволството од она што го видоа – ја преплавија со коментари и комплименти, воодушевувајќи се на нејзината беспрекорна фигура.
– Ништо освен роденденско одело! Ви благодарам многу за роденденските желби – напиша Гвинет, а пријателот и колега Али Вентворт веднаш додаде: „Идеално за фотошопирање на моето лице на вашето тело!“.
Но, во мноштвото коментари, многумина се смееја на она што го остави ќерката на актерката, 16-годишната Епл под фотографијата.
– Па, мамо! – напиша тинејџерката, која очигледно беше малку засрамена поради голотијата на нејзината мајка.
https://www.instagram.com/p/CFpqTpXDaKy/?utm_source=ig_web_button_share_sheet