Во сиромашната област Шам Шуи По во Хонг Конг пред некој ден имаше дожд од пари, односно, од банкноти од 100 хонгконгшки долари (околу 11 евра). Весели граѓани почнаа да ги собираат парите, но наскоро стигна полицијата и им ја расипа забавата, барајќи сите да го предадат тоа што го собрале, а се работи за вкупно 566 евра.
Пред „дождот од пари“, преку Фејсбук се обрати човек кој го најави овој настан.
„Дали некој верува дека пари може да паѓаат од небо“, рече меѓудругото човекот кој е најверојатно сопственик на компанија која промовира трговија со дигитални опрема преку интернет.