Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.818 тестови, а регистрирани се 631 нов случаj на КОВИД-19: Скопје – 337, Велес – 45, Битола – 32, Куманово – 30, Кавадарци – 26, Прилеп – 24, Тетово и Охрид – по 18, Струмица – 17, Кичево – 15, Гостивар – 8, Неготино и Дебар – по 7, Гевгелија, Ресен и Крива Паланка – по 6, Штип и Делчево – по 5, Кочани, Струга и Радовиш – по 3, Пробиштип и Богданци – по 2, Свети Николе, Виница, Кратово, Македоснки Брод, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (631), регистрирани се 102 реинфекции.
Регистриран сe 910 оздравени пациенти од: Скопје – 504, Битола – 43, Куманово, Кавадарци и Велес – по 37, Прилеп – 28, Тетово – 27, Охрид – 21, Струмица и Струга – по 18, Кичево и Гевгелија – по 16, Гостивар – 15, Радовиш – 13, Штип – 12, Свети Николе – 11, Неготино – 10, Ресен – 8, Валандово – 6, Кочани и Берово – по 5, Виница – 4, Крива Паланка и Богданци – по 3, Делчево, Дебар, Кратово и Демир Хисар – по 2, Пробиштип, Крушево, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (75г и 91г) и по едно починато лице од Куманово (81г), Кавадарци (70г), Струга (81г) и Прилеп (67г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (2), Свети Николе (1), и Радовиш (1). Починатите лица се на возраст од 74г. до 92г. Лицата за починати се пријавени во период од 15.02. до 21.02.2022. Од починатите лица, 3 се починати во домашни услови, а едно лице во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети.