Во последните 24 часа се направени рекордни 728 теста за КОВИД-19. Досега во земјата се направени вкупно 14.758 тестирања.
На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 36 години од Гостивар, кој освен обезност немал други коморбидитети, но неговата клиничка слика била тешка. Во денешната евиденција на институтот на починати од КОВИД-19 ќе биде заведен и пациент од Скопје кој бил на возраст од 25 години. Починал на 23 април, а неговиот втор-постмортем позитивен резултат пристигнал утрово. Пациентот имал Даунов синдром, бил хоспитализиран на 20 април со тешка клиничка слика и наод бронхопневмонија.
Потврден е 41 нов случај на КОВИД-19 и тоа во:
– Скопје 17
– Куманово 8
– Прилеп 8
– Тетово 4
– Струга 1
– Велес 2
– Битола 1
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја изнесува 1367 лица.
Денеска се регистрирани 37 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 35 кои се лекуваа во домашни услови.