На клиниката за инфективни болести починаа двајца пациенти.
“Еден пациент на 91-годишна возраст кој осум дена бил во болница, и пациент на 31-годишна возраст, кој вчера бил ставен на респиратор утрово починаа“, соопшти министерот Венко Филипче.
Во текот на изминатото деноноќие се регистрирани 16 новозаразени од коронавирус со што бројката се искачи на 257 позитивни.
На Инфективно има тројца од Скопје и од Куманово. Вкупно има 48 луѓе во болницата.
Министерот Филипче информираше дека е разрешена дуректорката на охридската болница поради случајот со 66 годишната жена од струшко која почина од коронавирус, откако претходно не била навреме згрижена во болницата.