Руското Министерство за здравство го регистрираше лекот „Леитрагин“ за третман и превенција на пневмонија предизвикана од коронавирусот, објави Руската агенција за медицина и биологија преку својата веб-страница.
„Лекот во спреј леитрагин, развиен од Агенцијата за медицина и биологија, е регистриран во Министерството за здравство на Русија. Наменет е за превенција и третман на пневмонија. Целта е да се спречи воспаление на белите дробови, што е една од компликациите од коронавирусот“, се наведува на официјалниот сајт.
Од таму се додава дека производството на лекот е во тек.
За време на клиничкото тестирање, немаше смртни случаи или посериозни компликации кај 320 пациенти со умерени симптоми на Ковид-19, велат здравствените власти.
Пациентите кои го зеле лекот леитрагин заздравиле во просек за осум дена, додека пациентите третирани со класични методи од Ковид-19 заздравиле по 14 дена.