Владата на денешната седница донесе одлука за разрешување на директорот на ДПИ, Стојко Пауновски. Оваа одлука за Пауновски била сосема очекувана.
– Ова за мене беше очекувано, можам само во духот на празниците да порачам: Простете им, не знаат што прават. Криво ми е што само меѓу мене и премиерот немало никаков конфликт. Ако имало конфликт, бил со шефот на кабинетот на вице-премиерот Груби околу распределбата на рамковните вработувања, – изјави Стојко Пауновски за ТВ Телма.
Одлуката за разрешување доаѓа откако Пауновски не прифати да го потпише решението за вработување на 35 рамковни вработени во Инспекторатот, а со тоа не го испочитувал законот за трансфер на вработените според програмата К-5.