22-годишната Британка, Натали Сејмор и нејзината канадска колешка 27-годишната Еби Гејл Амисола починале во хостел во Камбоџа само 6 дена откако тргнале на пат, пренесува Мирор. Двете девојки страдале од силни симптоми на труење – пролив и повраќање. Тие решиле да купат лек против повраќање во локална аптека, а само неколку часа по консумирањето, биле пронајдени мртви во хостелот.
Полицијата во Камбоџа истражила во нивната хостелска соба и го пронашла мобилниот телефон на Натали во кој гуглала симптоми на „повраќање толку силно што чувствувам болки во градите“ и „силни грчеви во стомакот од непозната причина, што да правам“ Таа била загрижена и за бојата што ја исфрлала – зелена и жолта.
По темелниот преглед, пронајдени се кутии со таблети близу креветите, во некои недостасувале неколку апчиња.
Полицијата се сомнева дека девојките случајно се предозирале.
Инаку, во 2017 година, Натали ја напуштила својата работа како сметководител за да патува низ светот. По обдукцијата, откриено е дека во стомакот на двете девојчиња има токсични содржини, како и оштетување на црниот дроб што може да се случи по консумирањето на лековите.