Патничката Шејда Шадко од украинскиот авион кој се сруши во Техеран веднаш по полетувањето имала претчувство дека ќе се случи несреќа. Таа била загрижена поради тензиите меѓу Иран и САД, откако Американците го ликвидираа генералот Касим Сулејмани, според медиумите вториот најмоќен човек во земјата.
„Разговарав со неа 20 минути, пред да полета авионот“, рекол нејзиниот сопруг Хасан Шадко.
–“Сакаше да ја утешам и да ја уверам дека нема да има војна. Ѝ реков да не се грижи и дека ништо нема да се случи“ рече Хасан Шадко за Си-Ен-Ен.
Тој ги памети и последните зборови кои му ги рекла неговата сопруга.
– Ми рече „Ок, ми велат дека морам да го исклучам телефонот. Довидување!“. Тоа беше тоа – раскажува Хасан.
Откако се качила во авионот, Шејда на Инстаграм поставила селфи фотографија со проштална песна.
„Јас заминувам, но… тоа што е зад мене ме загрижува. Зад мене, зад мене. Исплашена сум и за луѓето зад мене“ – напишала таа.
Шејда не стигна на својата дестинација, поради тоа што само неколку минути од полетувањето од Техеран, нејзиниот авион падна, а во несреќата загинаа сите 176 патници.
Сопругот вели дека е силно вознемирен и дека не може да си го замисли животот без Шејда, со која во брак поминал десет години.
„Знаела. Погледнете го тоа лице, погледнете ја песната која ја поставила. Таа беше ангел. Многу ми е тешко“ – изјавил Хасан.