Патнички авион Вива Аеробус, кој летал од Гвадалахара до Лос Анџелес, морал да се врати на аеродромот откако се запалил моторот.
Патниците слушнале силна експлозија неколку минути по полетувањето, а потоа виделе искри и оган како го зафатиле десниот мотор на Ербас А320. Исплашените патници го известиле екипажот, а пилотите веднаш го свртеле авионот и се вратиле на аеродромот.
Снимката од инцидентот покажува дека моторот гори додека авионот летал ниско и над населено место.
Во авионот имало 186 патници и членови на екипажот. Проблемот со моторот предизвика паника кај патниците, некои плачеа и врескаа, а други се молеа.
„Вива Аеробус“ е нискобуџетна авиокомпанија, а патниците кои доживеале големи непријатности добиле уверување за нов лет.