Истрагата за хеликоптерската несреќа во која загинаа Коби Брајант и уште осум лица се уште не е завршена, но семејството на пилотот Ара Зобајан се јави со изјава со која вината за страшната трагедија ја префрли кон патниците во хеликоптерот.
Адвокатите на загинатиот пилот кој е застапуван од неговиот брат Берг, тврди дека обвинетиот не е крив за падот на хеликоптерот, пренесува СиЕнЕн.
Во судскиот документ се наведува дека сите повреди и штети настанале од падот на хеликоптерот предизикани од невниманието и вина на патниците кои биле свесни за ризикот, соопшти братот на обвинетиот пилот кој исто така почина во несреќата.
– Немарноста на патниците бил факторот кој во најголема мера придонел до штета и повреди кај лицата во хеликоптерот покрај неговиот пад, за кој обвинетиот не сноси одговорот, се наведува во овој документ.
Инаку, документот претставува одговор на тужбата на вдовицата на Брајант, Ванеса чии адвокат ја поднесе на 24 февруари, ден откако беше одржана меморијална служба за познатиот кошаркар и неговата ќерка Џијана.
Ванеса за смртта на сопругот и ќерката и останатите патници ја обвини компанијата во чие сопственост се наоѓал хеликоптерот и пилотот кој со него управувал.