Триесет и петгодишниот Дејвид Џонс бил во авионот (на релација Лондон-Шангај) кога го видел капетанот. Мажот наводно гледал порно слики на својот iPad, пренесува The Sun.
Џонс тврди дека бидејќи светлата биле затемнети, пилотот ги гледал фотографиите околу 30 минути, а потоа отишол во тоалетот.
„Потоа се врати и заспа“, рекол патникот.
Џонс го снимил капетанот како го гледа секси материјалот на екранот, а сликата ја објавија британските медиуми.
Откако авионот слетал во Шангај, патникот им кажал сè на претставниците на Бритиш ервејс.
Тој наведува дека добил извинување, како и гаранција дека „случајот ќе биде истражен“ и „ќе бидат преземени соодветни мерки“.