Легендарниот пејач на групата Парни ваљак, Аки Рахимовски, почина во јануари минатата година.
Една година по смртта на Аки Рахимовски, овој популарен бенд излезе со соопштение во кое откри дека нов пејач на Парни ваљак ќе биде Игор Дрвенкар.
„Моја глава, мои правила feat. Игор Дрвенкар, четврток, 23.03. во 12 часот. Премиерата на нашата нова песна на радио станиците ширум регионот и видеото на нашиот канал на Јутјуб“, соопштија членовите на Парни ваљак.
Хрватската јавност Игор Дрвенкар го запозна преку популарната хрватска емисија „А страна“.
Во својата 30-годишна кариера, Парни ваљак објави 16 студиски албуми, 14 синглови, 5 албуми во живо, 4 компилации и 2 концертни ДВД.
Инаку, Аки Рахимовски почина лани во јануари на 67-годишна возраст.
Игор Дрвенкар пеел во различни бендови, а се испробал и во неколку мјузикли, меѓу кои, „Исус Христос Суперстар“ и „Убавицата и ѕверот“. Тој ги забавуваше загрепчани на пречекот на 2022 година.