Мега популарниот бенд „Парни ваљак“ ќе ги забавува скопјани за Нова година на плоштадот „Македонија“.
– Хрватскиот рок бенд „Парни ваљак“, предводен од легендарниот Аки Рахимовски за Нова година во Скопје ќе ги испее вонвременските хитови со кои израснаа многу генерации во Македонија и во регионот. Мојот драг пријател Аки со задоволство ја прифати оваа понуда. Имајќи предвид дека тој долго време живеше во Скопје и дека овој град има посебно место во неговото срце, со сигурност можам да кажам дека новогодишна вечер во нашиот главен град ќе биде посебна за него и незаборавна за сите нас. – најави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Како дел од новогодишното расположение, центарот на Скопје, од утре, сабота, ќе почне да живее во празничната еуфорија со целосна програма во „Винтерленд“, со цел на граѓаните да им се овозможат пријатни моменти поминати со своите роднини и пријатели. Предвидена е програма и за најмладите која ќе ја разбуди нивната радост.