Група луѓе од бразилскиот град Маринга, му одржале лекција на арогантниот возач.
Имено, мажот го паркирал својот автомобил на место резервирано за инвалиди. Луѓето го забележале неговиот автомобил паркиран неправилно, потоа зеле стотици самолепливи сини парчиња хартија и целосно го излепиле неговиот автомобил.
Хартијата ги покрива прозорците и тркалата, ниту еден дел од автомобилот не се гледа. Потоа собраните граѓани го чекале возачот, тој пристигнал, налутено влегол во автомобилот, додека сите се смееле и му аплаудирале.