Кирил Поп- Христов, познат како Кили и неговото семејство тешко ја преживуваат изолацијата и економската криза која ја донесе корона вирусот во Еквадор, каде што живеат неколку години.
Сопругата на познатиот глумец, Гордана Деан Поп-Христова, отворено, на својот Фејсбук профил протестира против строгиите мерки од кои не отстапува Владата на Еквадор. Во една прилика, таа напиша:
„Овие месеци преживуваме од парите што ни ги праќаат пријателите.“
Гордана и во Еквадор го работи тоа што го работеше и во Скопје, таа има свое балетско студио кое како што дознаваме последниве месеци послабо функционира поради забраната од Владата на Еквадор.
„Седум месеци социјална дистанца, изнегнување присен контакт, и тоа продолжува дури се казнува за да се истренираме за новата нормалност. Како пример за тоа колку е нехумано тоа што ни се наметнува, дали знаете дека во затвори најстрашна казна е да те стават во изолација, значи да бидеш со убијци, силувачи, крадци е помала казна, зашто ние сме социјални битија“.
Додека Гордана ги критикува строгите мерки на Фејсбук, Кили објавува видеа во негов стил, како се лула на лулашка и пее.
Инаку, Кили и Гордана во Еквадор заминаа со помалата ќерка Јоана, која пред две години се омажи за Родригез Сориа Хосе Луис.