Арина Сабаленка се подготвува за овогодишниот Ролан Гарос кој ќе се одржи подоцна овој месец.
Освен што тренира за турнирот, тенисерката го подготвила и своето модно издание, кое вчера го покажала на социјалните мрежи и ги воодушевила своите 5,1 милион следбеници.
Сабаленка во новото видео го покажала комплетот на брендот „Најк“ во кој ќе ги игра своите мечеви. Станува збор за црвено-црна креација со полупроѕирно здолниште, а тенисерката не криела колку ѝ се допаѓа новата комбинација. Комплетот им се допаднал и на нејзините следбеници, кои во коментарите ѝ упатиле комплименти.
„Веќе ми се допаѓа“, „Опседнати сме“, „Ми треба тој аутфит“, „Ова е аутфит достоен за кралица“, „Теренот не е подготвен за ова“, „Изгледаш прекрасно, сите ќе се вртат по тебе“, „Изгледа како совршен аутфит за доминација на теренот“, „Ова ти е најдобриот аутфит досега“, се само дел од коментарите.
Арина, која моментално е прва во светот е главна фаворитка за освојување на титулата на Ролан Гарос. Минатиот јуни беше блиску до својата прва победа на Френч опен, но на крајот загуби од Коко Гоф. „Условите беа ужасни, а таа едноставно беше во подобра состојба од мене. Мислам дека тоа беше најлошото финале што некогаш сум го одиграла“, изјавила тогаш Сабаленка.
