Џенифер Анистон даде интервју за нов проект кој го снимила во Париз, а мрежите беа жешки поради нејзините коментари за Украина! Џенифер (53) зборуваше за комедијата „Murder mystery 2“ и по тој повод даде низа чудни коментари за војната во Украина.
Џенифер за „People“ проговори за продолжението на комедијата од 2019 година, во продукција на Нетфликс, и навела дека ѝ било тешко бидејќи Париз е „толку блиску“ до Украина. Растојанието помеѓу Париз и Киев е нешто помалку од 2.500 километри.
„Ми беше тешко, тоа беше голем предизвик затоа што снимав во странство три месеци. Од почетокот на пандемијата не се одвојував од моите кучиња толку долго. Исто така, Украина е веднаш тука блиску“, рече таа.
„Се чувствував толку бескорисно затоа што снимав комедија во времето кога започна војната во Украина. Но, тогаш се потсетив дека на луѓето сега им треба токму тоа. Им требаат комедии, треба да се смеат и да заборават на своите грижи на една минута“, рече таа.
Џенифер постојано изразува поддршка за Украина од почетокот на конфликтот. Не е познато дали само невешто се изразила кога кажала дека Париз е „толку блиску“ до Украина или навистина не знаела на која оддалеченост се наоѓа.