Папата Франциско вчера на плоштадот Свети Петар додека ги поздравуваше децата и поклониците во еден момент удри жена по раката за да се ослободи од нејзиниот стисок. Инцидентот се случил додека папата Франциско се движел во центарот на Ватикан. Во еден момент, една жена го зграпчила за рака и го привлекла кон себе.
Папата е видно вознемирен од ваквата неочекувана постапка и за да се ослободи од нејзиниот стисок почнува да ја удира жената по рака, дури во еден момент и ѝ свикува, јави Си-ен-ен.
Денеска Папата се извини. Тој на новогодишното обраќање кон верниците на плоштадот Свети Петар призна дека го изгубил трпението со жената.