Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск во празната базилика на свети Петар на Велики петок според Јулијанскиот календар легна пред олтарот во обредите Маките Господови со коишто се одбележуваат последните часови од животот на Исус Христот и неговот распетие.
Обредите на Велики петок се едни од ретките прилики кога Папата не држи проповед, туки тоа му го препушта на свештеникот Раниер Канталамеса од Папскиот дом. Канталамеса рече дека пандемијата во која загинаа скоро 19,000 луѓе во Италија треба да ги охрабри луѓето да го почитуваат она што навистина е важно во нивните животи.
„Да не дозволиме толку многу смрт, толку многу страдања и херојскиот ангажман на здравствените работници да бидат залудни. Треба најмногу да се плашиме од враќањето на старо“, рече отец Канталамеса.
На обредите во Велики петок, обично присуствуваат кардинали, епископи и до 10 000 верници.
Како резултат на кризата со коронавирусот, во базиликата имаше само дваесетина луѓе, вклучително и асистенти на папата и мал број членови на хорот.
Само Папата го бакна крстот на крајот на обредот. Обично го бакнува секој кардинал, архиепископ и епископ во црквата.
Инаку, поглаварот на 1,3 милијарди католици во светот ја предводеше и процесијата на Крстниот пат на празниот Плоштад на свети Петар, без физичко присуство на верниците.