Со доаѓањето на летото и по завршувањето на сезоната многу спортисти веќе се на едни од најпопуларните светски дестинации за одмори, а таму секогаш ги следат папарацо фотографите на секој ќош и тоа е единствениот проблем целосно да се опуштат.
Папарацо фотографиите од јахтите испливале и кога станува збор за легендата на италијанскиот фудбал – Андреа Пирло.
Пирло со семејството ужива на јахта на Балеарските острови. Тој бил снимен кај Форментер на јахта со своите деца и со својата избраничка Валентина Бандини.
Русокосата убавица со која бил Пирло на јахтата била посебно впечатлива поради своите облини, а во врска се од 2014 година, по што токму тогаш спортистот се разделил од Дебора Роверси со која бил во брак и со која има две деца.
Инаку, Валентина работи како агент за недвижнини, а италијанските медиуми пишуваа дека таа и Пирло се запознале уште во 2013 година т.е. дека поради неа тој ја напуштил и сопругата.