Продолжуваат препукувањата помеѓу ДНК и Слаткаристика. Откако пред неколку месеци Марко Маринковиќ во „Ексклузив“ упати многу критики кон Панчо, за начинот на работа, парите кои ги заработува, но и како ги заработува, сега во истата емисија и Панчо имаше што да каже.
-Слаткар се закачнал со погрешен човек, јас сум израснат на улица, иако тој глуми дека е уличар, а живее на Водно, -рече Панчо.