Музичарот и диџеј Владимир Блажев- Панчо од дуото ДНК никогаш не заборава да ја спомене својата мајка Каќуша која почина од рак во 2014 година. Панчо на својот Фејсбук профил раскажа тажна приказна за мајката.
„ Секогаш во сеќавање ќе ми стои една слика од неа за која никогаш немам објаснување. Смирена, а секогаш во борба со најголемата бура. Очи кои кажуваа се за нејзиниот живот, а воедно толку мир и спокој како да и течеа тони мед и млеко во животот, а не трња и коприви. Срце болно, а толку ГОЛЕМО и полно со ЉУБОВ за да ги прифати и скроти сите. Колку што беше намачена толку беше и среќна. Еднаш пред да замине да ме чува од горе ја прашав : Мајче како може да си волку спокојна ?
Одговори кратко : Затоа што сум среќна и горда на тебе и сестра ти.
Ме гледаше во очи и без збор да изусти ми кажа уште многу работи.
Се разбравме за се само со еден поглед како и секогаш.
Никогаш не се срамев од неа, но никогаш не дозволив ни таа да се срами од мене“, сподели Панчо кој и самиот е татко на два сина, Андреја и Марјан.