Пред неколку дена излезе информацијата дека пеачот на групата „Куку Леле”, Сашо Каимовски „Панки” е пуштен на слобода по неколкумесечниот притвор во Германија.
Вчера на Фејсбук- страницата на фризерскиот салон „Авангард“ се појавија фотки токму од популарниот пејач на кои може да се забележи драстична промена во неговиот изглед. На едната фотка Панки е со долга и бела брада, додека пак на другата може да се види дека си ја бојадисал и брадата и косата.
Инаку, Панки беше уапсен во март оваа година на преминот Евзони на пат кон Грција. Каимовски се бараше со европска потерница, распишана од германските власти за учество во мрежа што пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати.