Паника на плажа: Сите наеднаш се разбегаа, децата врескаат пред напад на инсекти (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Видео од популарна плажа во Род Ајленд, снимено минатата година, повторно се појави на интернет, прикажувајќи ги реакциите на посетителите на ненадејна инвазија на инсекти.

„Уживав во сончев ден, сè додека не нè погоди апокалипсата“, изјави Стефани Мартин за локалните медиуми.

Децата врескаат

Додека некои капачи бараа засолниште од нападот или трчаа кон своите автомобили, други стоеја и се смееја на неверојатната сцена. Децата врескаа и ги бркаа инсектите со лопатки и кофи со вода.

Друг сведок, Ричард Сонтаг, го опиша несреќниот настан како „инвазија“.

Видеото открива дека посетителите на плажата биле сведоци на огромен рој вилински коњчиња, кои обично се формираат за време на сезоната на парење, кога има лошо време или кога се вознемирени од човечка активност, објавува Њујорк пост.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com