“Фајзер“ ја тужеше својата долгогодишна вработена за наводна кражба на доверливи документи, вклучително и некои поврзани со вакцината против коронавирус.
Очигледно, вработената се подготвувал да се пресели на работа во конкурентска компанија.
Во тужбата поднесена во вторникот во федералниот суд во Сан Диего, „Фајзер“ тврди дека вработената Ксијао Ли Чун го прекршила нејзиниот договор за доверливост со префрлање на повеќе од 12.000 датотеки, без дозвола, на нејзините лични сметки и уреди од својот службен лаптоп.
Наводните украдени материјали вклучуваат „прирачник“ од 24 септември, кој содржи интерни проценки и препораки за вакцината „Фајзер Бионтек“ против коронавирус, потоа односот на „Фајзер“ со германскиот партнер за вакцини, како и презентации поврзани со антитела против рак.
Компанијата „Фајзер“ соопшти дека Џун, која била помошник директор за статистика, во неколку наврати се обидела да ги прикрие трагите од она што го направила. Се наведува и дека обвинетата ја измамила „Фајзер“ за тоа што зела, како, кога и зошто го направила тоа и каде се украдените податоци.
Се наведува и дека Чун работела во компанијата 15 години, но дека неодамна добила понуда за нова работа во компанијата „Xenkor Inc.“, калифорниска компанија која се фокусира на лекување на рак и автоимуни болести.
Од „Фајзер“ изјавија и дека нивната компанија се соочува со голем проблем – дека конкурентите се обидуваат да ги преземат нивните вработени во текот на оваа година.