Фармацевтската индустрија најверојатно ќе произведе десетици милиони вакцини против коронавирусот на почетокот на следната година, а милијарда дози ќе да бидат достапни до крајот на 2021 година, изјави водечкиот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, во интервју за Ројтерс.
Фаучи очекува дека вакцината „Ковид-19“ ќе биде достапна до крајот на оваа година, а пандемијата ќе се стави под контрола.
Тој, исто така, изјави дека не постоел притисок од Белата куќа да ги објави вестите за вакцината пред американските претседателски избори на 3 ноември, со цел да се зголемат шансите за реизбор на претседателот Доналд Трамп.
Регулаторите, вели тој, ветија дека нема да дозволат политиката да се меша во одобрувањето на вакцината против вирусот и дека „безбедноста и ефикасноста“ ќе бидат нивниот приоритет.
Тој, исто така, оцени дека некои делови на САД добро го спречиле ширењето на вирусот, додека другите делови едноставно биле „воспалени“, а различните резултати ги објаснил според големината и разновидноста на земјата.
Интервјуто на Фаучи за „Ројтерс“ беше објавено истиот ден кога Трамп во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека вирусот „заминува и ќе исчезне како и сите други нешта што исчезнуваат“.