Горан Пандев продаде најголем дел од акциите на Фудбалскиот клуб Академија Пандев и тимот од следната сезона ќе добие нов сопственик.
Како што се наведува во соопштението, легендарниот фудбалер продал 2.250 акции (90 отсто) за сума од 603.000 евра. Не е објавено кој е купувачот, но се претпоставува дека се работи за италијанскиот клуб Брера од Милано.
Тоа е трет клуб од Апенинскиот Полуостров, по Интер и Милан, со кој Горан Пандев долго време активно преговараше, а гостуваше и на повеќе настани организирани од тимот поврзани со бизнис климата.
Академија Пандев е блиску до опстанок во елитното друштво на шампионатот на Северна Македонија, а на поранешниот напаѓач ќе му останат само 250 акции.