Капитенот на фудбалската репрезентацијата Горан Пандев порача политичките партии да не го мешаат неговото име за нивни цели.
„Во овие тешки моменти за целиот свет кога се соочуваме со најопасниот вирус на глобално ниво, сакам да апелирам до политичките партии во Македонија да престанат со ситни-политички игри. Оваа прилика ја користам да ги повикам политичките партии (во случајот комисијата на ВМРО-ДПМНЕ) да престанат да го злоупотребуваат моето име. Ова време кога ние во Италија се соочуваме со катастрофа од невидени размери. Апелот до сите е да останат дома и да ги следат препораките од надлежните. Секоја моја изјава која ќе биде ставена во контекст на ПОЛИТИКА ќе ја демантирам“, напиша Пандев на социјалните мрежи.
Ваквата реакција на Пандев, дојде по објавата на неговата изјава за ФФМ на Фејсбук страната на „Комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ“.