629
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев објави крај на својата репрезентативна кариера после мечот со Холандија утре попладне од 18 часот во Амстердам, како круна на неговата кариера на крајот од дебитантскиот настап на Еуро 2020 со Македонија.
„Ова е мој последен меч за Македонија.Мислам и јас и моите колеги, на чело со селекторот Ангеловски направивме нешто што не знам дали некој ќе го направи. Мислам дека сега после ова Европско првенство е вистински момент да се повлечам. Сакам да им посакам на моите соиграчи пласман на СП. Може да ни донесат многу радости на цела Македонија, зашто се работи за квалитетни играчи, кои играат во големи тимови и заслужуваат да играат на едно СП“, рече Пандев.
