Фудбалската федерација на Македонија, неофицијално, ќе побара одложување на натпреварот со Косово, дознава „Спортмедиа“.
Не само поради тоа што ќе се игра пред празни трибини, туку и поради тоа што четворица репрезентативци, Пандев, Несторовски Елмас и Спировски доаѓаат од подрачје кое вчера беше ставено под карантин.
Имено, првата тројка доаѓа од најголемото жариште во Европа, од Италија, па ќе мораат да помине во 14 дневен карантин, додека Спировски ќе треба да мине двонеделен карантин во Израел ако сака да излезе од земјата.