Иакоа чувствува проблеми со глуждот, капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев ќе стисне заби и ќе игра на денешниот меч против Украина.
Селекторот Игор Ангеловски истакна дека тимот е подготвен за она што следува за најважниот меч кој веројатно оваа генерација ќе го игра.
„Најважната лекција е дека повторно веруваме дека имаме квалитет, затоа што до 80. минута имавме активен резултат против Австрија. Не се браневме, не игравме бункер дури имавме и ситуации да поведеме. Сепак, тоа не успеавме да го направиме, примивме гол по пад на концентрација. Сепак, следува меч со Украина, мислам дека имаме ситуација во која можеме да се поправиме на резултатски план“.
Без калкулации во натпреварот ќе влезат и Украинците, кои како и македонските фудбалери, беа поразени во првиот натпревар на Европското првенство.
Избраниците на Ангеловски по вчерашниот попладневен завршен тренинг спроти дуелот со Украина беа специјални гости на концертот што во Букурешт го одржа македонскиот пијанист со светско реноме, маестро Симон Трпчески.
Мечот со Украина се игра денеска, со почеток во 15 часот.