ПАНДЕВ ДО ОСМАНИ: На фудбалерите треба споменици да им се изградат, не пасоши да им давате

by Тони Зографски

Доскорешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев „го подбра“ министерот за надворешни работи Бујар Османи за ветувањето дека ако Македонија се пласира на Светско првенство, сите фудбалери ќе добијат дипломатски пасоши.

Ветувањето на Османи дојде откако двајца фудбалери, херојот од Палермо, Александар Трајковски и фудбалерот за врска Енис Барди добија дипломатски пасоши, заедно со селекторот Благоја Милевски.

„Смешен и жален си господине, гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат. За нив треба споменици, а не пасоши“, објави Пандев

.

Пандев се повлече од репрезентацијата после настапот на Еуро 2020, откако со гол во Тбилиси ја однесе Македонија на првиот голем турнир, а го даде потоа и првиот гол за Македонија на европските првенства.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com